СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат

пред 5 години

Реакција на СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

„Со лажни податоци ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска.

Два месеца Арсовска не работи ништо освен што прекинува проекти и разрешува директори на јавни претпријатија.

Наместо да работи за интересите на граѓаните, Арсовска работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува неодговорно и нанесува штета на развојот на Скопје.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат“.

 

Share
Scroll to Top