Тетовец си изградил викендичка на државно земјиште

пред 3 години

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 69-годишниот Ф.С. од Тетово, поради сомнение дека сторил кривично дело – узурпација на недвижности.

Во текот на минатата година во гостиватското село Старо Турчане, на местото викано Оревиште, на земјиште во државна сопственост, Ф.С. изградил викенд куќа без соодветна документација.

На местото бил извршен увид и изготвена била потребната фотодокументација.

Share
Scroll to Top