СДСМ: Советник на ВМРО-ДПМНЕ пукал со огнено оружје на веселба

пред 3 години

Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба, oбвинуваат од СДСМ.

„Се’ се менува, само ВМРО-ДПМНЕ останува во истата партија со истиот начин на однесување на нејзините претставници. Не само што е спротивно на законите, туку советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните, а ги вознемирува жителите на Кисела Вода“, се нагласува во партиската реакција во која се додава и дека настанот се случил во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале довербата да се грижи и да ги заштитува нивните интереси.

Share
Scroll to Top