Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска точно напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
Пендаровски, како што веќе е најавено, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамките на 56 собраниска седница.
Претседателот, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во текот на следната година.
Според најавите, се очекува годишното обраќање на Пендаровски да го проследат претставници на Владата, разни институции и меѓународната заедница.
Инаку, оваа седница завршува со обраќањето на шефот на државата и не е дозволена расправа, па политичките партии своите коментари за говорот ги даваат по седницата во прес-центарот на Собранието.