Со порастот на кражба на лични податоци и вируси, многумина користат верификација во два чекора (2FA) за да се заштитат од овие напади.

Една од најпопуларните апликации кои се користат со 2FA е Google Authenticator, а апликацијата неодамна доживеа голем успех.

Google Authenticator е преземена 100 милиони пати на Google Play Store. Програмата претставува one-time code generator кој може да се користи со друг компатибилен сервис. Ова би требало да спречи крадење на информациите на корисниците.

Последното ажурирање за апликацијата вклучува и темен режим. Има и некои други решенија кои можат на корисниците да им помогнат за да ги заштитат своите податоци.

Извор: B92.net