Најмалку 64 лица загинаа кога брод со нелегални патници потона кај североисточниот брег на Мадагаскар, а во тек е потрага по 24 исчезнати лица, соопшти денеска Агенцијата за поморска и речна навигација на АПМФ.
Во соопштението се наведува дека се пронајдени уште 50 преживеани патници, пренесува Ројтерс.
Товарниот брод, кој не бил овластен да превезува луѓе, бил преоптоварен и водата го поплавила моторот, соопшти АПМФ.
Бродот „Франција“ го напушти пристаништето во градот Антанамбе во источната област Мананара Север рано наутро во понеделникот.
Бродот е регистриран како товарен, а не за превоз на патници, а Антанамбе не е официјално пристаниште, рече генералниот директор на АПМФ, Жан Едмонд Рандријантенен, додавајќи дека бродот очигледно потонал поради дупка во трупот низ која влегла вода.