Компаниите „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ откажаа повеќе од 200 летови на Бадник

пред 3 години

Авиокомпаниите „Јунајтед Ерлајнс“ и „Делта Ерлајнс“ објавија дека откажале десетици летови на Бадник, бидејќи проширувањето на варијантата омикрон ги погодило нивните екипажи и другите работници.

Јунајтед со седиште во Чикаго откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат заглавување на аеродромите.

„ Наглиот пораст на случаите на омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродромот“, соопшти Јунајтед.

„Делта“ пак наведува дека ги исцрпила сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионот и екипажот, за да има редовни летови, пред да бидат откажани околу 90 летови. Компанијата како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на омикронот.

Извршниот директор на „Делта“, Ед Бастијан во вторникот ги повика американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинираните лица, кои биле заразени со коронавирус, поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.

Share
Scroll to Top