Бербок: Германија ја проширува помошта за Украина

Бербок: Германија ја проширува помошта за Украина

пред 6 месеци

Германската помош за Украина ќе биде „масовно проширена“ следната година, изјавигерманската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа посочи дека се уште е важно да се соочиме со овој „надворешнополитички предизвик“, во време кога Европа се бори со војната меѓу Израел и Хамас, пренесува АП.

Според неа, тоа вклучува и помагање на Украина во текот на претстојните зимски месеци и дека како што рече нивната поддршка ќе биде значително проширена за следната година.

Претходно медиумите објавија дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц сака да ја зголеми германската воена помош за 2024 година од првично планираните 4 милијарди евра на 8 милијарди евра, но министерот за одбрана Борис Писториус го демантираше тоа, како што се наведува, од страв дека во тој случај САД ќе ја намалат својата воена поддршка.

Тој рече дека врз основа на досегашните искуства идејата била да се избегне потребата од дополнително финансирање, доколку парите што се веќе достапни брзо се потрошат.

„Во моментов, бидејќи Украина мора да ја продолжи борбата, а во исто време дел од вниманието на јавноста ширум светот е повеќе насочено кон Израел, ова е силен сигнал за Украина дека нема да ја оставиме на цедило“, рече Писториус.

Текстот Бербок: Германија ја проширува помошта за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top