Мас: Во Германија нема да има задолжителна вакцинација

пред 2 години

Шефот на германската дипломатија вели дека воведувањето задолжителна вакцинација во таа земја не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија посочуваат дека нема да воведат такво нешто.

„Такво нешто нема да се случи во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“.

Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е неопходно и тешко е уставно да се спроведе.

Политичарката од Либерално-демократската партија (ФДП) задолжена за здравство, Кристин Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата од задолжителна вакцинација нема да помогне.

„Особено земјите со драматичен број на заразени од коронавирус треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување на нови мерки“, рече таа.

Share
Scroll to Top