Приведен жител на Виница поради грабеж на обложувалница. Според информациите, 36-годишниот Н.Ј. на 20 декември со закана кон вработените одзел пари од обложувалница во Виница.
Тој бил приведен на 22.12.2021 година во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.