(Видео) Најмалку 38 лица загинаа во пожар на траект во Бангладеш

пред 3 години

Најмалку 38 лица загинаа кога пожар зафати траект на реката Суганда во Бангладеш.

Зохор Али, администратор на областа Џалакати предупреди дека бројот на загинати би можел дополнително да се зголеми бидејќи повеќе од 50 луѓе се примени во болница. Некои патници се’ уште се водат како исчезнати, а дел се во критична состојба.

Причината за пожарот засега не е позната.

Share
Scroll to Top