Целосен колапс на воздушниот сообраќај во светот – откажани над 4.500 летови

пред 3 години

Откажани се голем број летови поради сојот омикрон кој се шири многу брзо, па авиокомпаниите останаа без поголем број свои вработени, пишува лондонскиот весник Гардијан.

На веб-страницата на компанијата „Флајт Авер“, која го следи авиосообраќајот во светот, се наведува дека синоќа, на Бадник, биле откажани 2.175 летови низ светот.

Приближно четвртина од сите откажани летови се потврдени во САД, а уште 1.779 летови се откажани во другите делови на светот денеска, на Божиќ, како и уште 402 летови планирани за ден по Божиќ.

Патниците кои планирале да патуваат за време на божиќните празници се соочуваат со прекини на авиосообраќајот ширум светот, бидејќи авиокомпаниите откажале повеќе од 4.500 летови поради омикрон, објавено е на веб-страницата на компанијата што го следи воздушниот сообраќај.

Share
Scroll to Top