Путин: Општата состојба во зоната на Нагорно-Карабах е нестабилна

пред 3 години

Настаните во Нагорно-Карабах, Белорусија и Киргистан ја искомплицираа општата состојба во зоната на одговорност на Организацијата на Договорот за колективна безбедност.

Според претседателот на Русија, Владимир Путин, тие настани го направија ОДКБ нестабилен.

„Тука мислам на вооружениот конфликт што избувна во Нагорно-Карабах во септември, во кој учествуваше земја членка на нашата организација, и на постизборните настани во Белорусија, која се најде под надворешен притисок без преседан, и на внатрешната политичка ситуација во Киргистан“, рече Путин на видеосамитот на ОСКБ, пренесе ТАСС.

Share
Scroll to Top