Лансиран најголемиот вселенски телескоп, треба да ги открие првите ѕвезди во универзумот

пред 4 години

Најголем вселенски телескоп “Џејмс Веб” денеска беше лансиран од Француска Гвајана. Вселенскиот телескоп на НАСА, вреден 10 милијарди долари, беше лансиран на ракетата Аријана-5. Тој се смета за еден од најголемите научни потфативо 21 век. За неговиот дизајн и изработка биле потребни дури 30 години.

Неговата мисија е да се надоврзе на откривање на вселенскиот телескоп Хабл, кој веќе 31 година е во орбитата, а наскоро ќе престане да функционира.

„Џејмс Веб” ќе може да гледа подлабоко во вселената и многу подалеку во минатото. Целта е да се видат некои од првите ѕвезди и галаксии кои се формирале откако планетите настанале од експлозија во вселената, пред повеќе од 13,5 милијарди години. А исто така ќе може да ја испита атмосферата оддалечена на далечените планети, за да се види дали има гасови кои би можеле да навестат присуство на живот.

Всушност, тој е е огледало широко 6,5 метри преоблечен во злато, поврзано со инструменти со висока сензитивност.

Share
Scroll to Top