Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да ја сокријат бедата и криминалот на владата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека Марјан Забрчанец и СДСМ вршеле притисоци врз медиумите и диктирале вести, а, како што наведуваат, тоа е доказ за хибридниот режим на дело.
„ Во писмото кое Бојан Јовановски го пишува до Заев тој јасно посочува дека добивал насоки за медиумското делување на 1ТВ од Марјан Забрчанец, советник на премиерот за медиуми и дека за тоа постојат докази во неговиот телефон. Јовановски ја открива целата трулост на системот на Заев и сега квалификацијата хибриден режим станува се појасна.
Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да го затскријат криминалот, да угушат секоја критичка мисла и да спречат да не излегуваат на виделина матните бизнис зделки полни со криминал и корупција. Не случајно угледниот магазин „Економист“ ја подредил земјата под владеење на Заев во групата држави каде владее хибриден режим.
Контролата и притисокот врз медиумите се главен показател за заробеното општество. Не може да има слобода во медиумите и демократија се додека е СДСМ на власт. Ова е уште една во низата причини зошто се потребни брзи предвремени избори“ се вели во партиското соопштение.