Тамара Бакиќ, една од најпознатите српски и југословенски манекенки Тамара Бакиќ почина вчера на 87-годишна возраст во Белград. Таа е родена во 1934 година во Сомбор, а израснала во големо семејство за што отсекогаш била благодарна.
Во едно од своите интервјуа, таа раскажа дека најубавите спомени од детството ги доживеала со баба ѝ Нања, која го собирала целото семејство за славата Свети Никола, како и за празниците Божиќ и Велигден. Додека најлошите моменти од животот ги доживеала во унгарскиот камп во Бачка Паланка. Откако го напуштиле кампот, целото семејство се преселило во Белград, каде го дочекале ослободувањето.