Нови 40 компании се приклучија на балансната група на РЕС од јануари

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на РЕС од јануари

пред 2 години

Нови 40 реномирани компании, кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, од јануари 2023 година се приклучија во балансната група на РЕС, со што оваа компанија, формирана во февруари 2022 година, за помалку од една година се етаблираше како лидер во трговијата и снабдувањето со електрична енергија на македонскиот пазар. Во овој моментот балансната група на РЕС е сочинета од повеќе од 230 домашни и странски компании.

Со овие нови 40 компании, портфолиото на РЕС се зголемува за дополнителни 25 MW на час или повеќе од 200 GWh струја на годишно ниво, а вкупната потрошувачка на сите клиенти може да достигне повеќе од 70 MW на час.

Обновливите извори на енергија во сопственост на Кочо Анѓушев и на Иво Прокопиев, сопственик на компанијата КЕР ТОКИ од Бугарија, кои се и ко-сопственици на РЕС, и овозможуваат на компанијата РЕС да креира најдобри пакети за снабдување со електрична енергија. Моделите за снабдување креирани од стручниот тим на РЕС, беа препознаени како најповолни од страна на македонското стопанство, што се докажува со континуираното зголемување на бројот на клиенти и конзумот на енергија.

 

Share
Scroll to Top