Со фестивалот „Ривајвл“ ќе се одбележат 30 години независна музичка сцена

Со фестивалот „Ривајвл“ ќе се одбележат 30 години независна музичка сцена

пред 3 години

Некои од најпознатите имиња на македонската екстремна музичка сцена, ќе настапат вечерва во паркот на Младински културен центар во Скопје на првото издание на фестивалот „Ривајвл“. Музичкиот дел на фестивалот ќе почне во 19 часот со настапот на „Трансхантер“, по што следуваат „Трендкил“, „Амброз“, „Деменси“ и „Хардфејсд“.

Фестивалот ќе се отвори во 17 часот со изложба на карти и плакати од концерти и свирки одржани во Македонија во изминатите три децении.

Настанот, што го организираат „Ивент лоџистикс“ и „Терорвоид“, е најавен како одбележување на 30 години независна музичка сцена во Македонија.

Share
Scroll to Top