Ковачевски го доби мандатот за формирање влада

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за состав на новата влада на новоизбраниот лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Од денес почнувам со формирање на новиот тим кој треба да одговори на сериозните предизвици кои нѐ чекаат од почетокот на новата година. Новата влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, рече Ковачевски.

Тој најави дека фокусот на новата Влада ќе биде ставен на економскиот развој.

Share
Scroll to Top