Родителите на актерката Алиша Вит пронајдени мртви од смрзнување во нивната трошна куќа

Родителите на актерката Алиша Вит пронајдени мртви од смрзнување во нивната трошна куќа

пред 3 години

Алиша Вит, ѕвездата од серијата „Живи мртовци“ (анг. „The Walking Dead“), доживеа семејна трагедија. Нејзините родители беа пронајдени мртви во нејзиниот дом, а  Властите се сомневаат дека тие починале од смрзнување (хипотермија), објави Дејли Мејл.

Дијана (75) и Роберт Вит (87) беа пронајдени во понеделникот, откако Алиша замолила нејзина братучетка да ги провери бидејќи не одговарале на нејзините телефонски повици.

„Молам за малку приватност во овој момент за да тагувам и за да ги соберам мислите во врска со овој настан и сосема нереална загуба“, рече актерката во соопштението.

Од полицијата соопштија дека сопружниците имале проблеми со печката, а Роберт бил пронајден облечен во капут. На телата не се пронајдени знаци на траума и насилство, ниту траги од отровни гасови како јаглерод моноксид.

„Немаше траги за кривично дело. Во тек е истрага“, стои во соопштението.

Сосетката на семејството откри дека Роберт имал рак, додека на Дијана неодамна ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест.

„Таа беше кревка жена, можеше да ја одвее малку посилен ветар“, изјави сосетката, додавајќи дека актерката Алиша била вклучена во животот на своите родители.

Таа рече дека родителите на актерката, често оделе кај неа да ги гледаат некои од нејзините филмови, бидејќи немале телевизор во боја.

Алиша Вит ја започна својата кариера во 1984 година на само осум години, како дебитант во филмот „Дина“ на Дејвид Линч. А потоа и во серијалот „Твин Пикс“ на истиот режисер. Глумеше и во голем број популарни серии како што се „Сопранови“, „Два и пол мажи“, „Живи мртовци“ и „Портокаловата е новата црна“.

Share
Scroll to Top