По 2 години пуштена жичницата до Водно

пред 4 години

По 2 години пауза, од денес повторно е пуштена жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно. Поради пандемијата со ковид – 19 таа не работеше од лани во март.

Периодов беа завршени сите технички процедури за пуштање и е изработен и протокол за работа според кој во една кабина ќе можат да се возат само 4 лица. Жичницата ќе работи секој ден освен понеделник и последниот вторник во месецот.

Пуштени се и 3 автобуски линии 25, 25А и 25Б кои ќе водат до Средно Водно. Автобусите 25А и 25Б ќе возат бесплатно. Превозот ќе биде бесплатен и за време на викенд и за државните празници.

Share
Scroll to Top