Полициски службеници од СВР Тетово денеска од 9 до 13 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
При контролата, биле откриени и санкционирани 3 возила (ТЕ-1 и ГВ-2) со неисправни сопирачки, кои веднаш биле исклучени од сообраќајот, а биле изготвени и соодветни поднесоци.
Санкционирани, исто така, биле и 4 други прекршоци направени од ваков вид возила (ТЕ-1 и ГВ-3), како и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), соопшти полицијата.