Франција е една од земјите со најголем број вакцинирани луѓе против Ковид, дури 91 отсто се постари од 12 години. Од друга страна, дневно има над 200.000 заразени.
Специјалистите објаснуваат дека улогата на вакцините сепак е многу важна во заштитата од најтешките случаи.
Така, на пример, според Дирекцијата за истражување, студии, евалуација и статистика, само 8 отсто од лицата постари од 20 години не се вакцинирани, а тие претставуваат дури 23 отсто од позитивните тестови, 44 отсто од хоспитализираните и 40 проценти од интензивната нега.
Во Универзитетската болница во градот Нанси, на пример, на крајот на декември имало 33 пациенти на реанимација, од кои 24 не биле вакцинирани.
Меѓу останатите 9, четворица имале истовремени заболувања или ја примиле последната доза пред повеќе од шест месеци.
Невакцинираните или делумно вакцинираните во Франција сочинуваат 66 отсто од хоспитализираните, 72 отсто од оние кои се лекуваат на интензивна нега и 73 отсто од смртните случаи.