Зголемување на бројот на хоспитализирани деца во САД

пред 3 години

Брзиот раст на инфекциите со Ковид во Соединетите Држави, предизвикан од ширењето на омикрон, доведе до речиси рекорден број хоспитализации кај децата, додека експертите истакнуваат дека повеќето деца не биле вакцинирани, пренесува Асошиејтед прес.

Во текот на неделата од 21 до 27 декември, дневно во просек биле хоспитализирани 334 деца на возраст под 17 години, што е за 58 отсто повеќе од претходната недела, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Вкупниот број на новозаразени Американци од сите возрасти скокна на највисокото ниво досега – во просек 300.000 случаи на ден или два и пол пати повеќе од пред две недели. Високо заразниот вид омикрон сочинуваше 59 отсто од новите случаи минатата недела, според ЦДЦ.

Сепак, постојат индикации дека омикрон предизвикува поблаги форми на болеста од претходните соеви, а комбинацијата на вакцина и бустер се чини дека ги штити луѓето од најлошите последици, пренесува АП.

Share
Scroll to Top