Познатата американска актерка Бети Вајт почина денеска на 100-годишна возраст, пренесува „Њујорк пост“.
Позната по бројните филмски и сериски остварувања, меѓу кои и серијата „Златни девојки“, во осумдесетите стана културна икона, а на 17 јануари требаше да го прослави 100-тиот роденден.
Извор од полицијата за „ТМЗ“ потврдил дека актерката утрово починала во својата куќа.