Полицаецот повреден на Капитол починал од природна смрт, објави комисијата

пред 3 години

Комисијата за здравство во Вашингтон го објави своето откритие дека полицаецот Брајан Сикник, кој беше повреден за време на нападот на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил, на 6 јануари, доживеал мозочен удар и починал од природна смрт.

Брајан Сикник е едно од петтемина лица кои го загубија животот по нападот врз зградата на американскиот Конгрес.

Две лица се обвинети за напад на Сикник за време на немирите на 6 јануари, пренесува АП.

Врз основа на изјавите на сведоците добиени на почетокот на истрагата, се сметало дека полицаецот Сикник бил удрен во главата со апарат за гасење пожар, но Комисијата утврдила дека причината за смртта е лошата здравствена состојба.

Ова откритие на здравствената комисија од Вашингтон значително ќе ја намали можноста федералното обвинителство да поднесе тужба за убиството на Сикник.

Share
Scroll to Top