Повеќе од 2.400 украински деца се однесени во Белорусија, според студија на Универзитетот Јеил

Повеќе од 2.400 украински деца се однесени во Белорусија, според студија на Универзитетот Јеил

пред 6 месеци

Повеќе од 2.400 украински деца на возраст меѓу шест и 17 години се однесени во 13 институции во Белорусија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според студијата на Универзитетот Јеил, чии резултати беа објавени вчера.

Украинскиот државен обвинител во мај изјави дека ја истражува наводната улога на Белорусија во присилното преселување на повеќе од 19.000 идентификувани деца од областите окупирани од Русија од почетокот на конфликтот, вклучително и во Русија.

Според некои експерти и организации, вкупниот број е многу поголем. Откритието на Лабораторијата за хуманитарни истражувања на Факултетот за јавно здравје Јеил е најопширното досега за ова прашање. Русија вели дека обезбедува хуманитарна помош за оние кои сакаат доброволно да ја напуштат Украина и ги негира обвинувањата дека врши воени злосторства.

Во извештајот на 39 страници се наведува дека децата биле преселени од најмалку 17 градови во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Научниците од Јеил истакнуваат дека се уште се спроведува, со помош на Белорусија. Повеќе од 2.000 деца идентификувани од Јеил биле префрлени во Детскиот центар Дубрава во Минската област од септември 2022 до мај 2023 година, а 392 биле префрлени во 12 други институции.

„Руската федерална влада и белорускиот режим работат заедно за да го координираат и финансираат трансферот на децата од окупирана Украина преку Русија во Белорусија“, се вели во извештајот. Трансферот на децата во Белорусија преку Русија е „на крајот координиран“ од рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко, се вели во соопштението.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налог за апсење на Путин во март, обвинувајќи го, заедно со руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

Текстот Повеќе од 2.400 украински деца се однесени во Белорусија, според студија на Универзитетот Јеил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top