Орбан: Ако ви требаат мигрантите земете ги, но да знаете со себе носат разни вируси

пред 2 години

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ѝ понуди на Западна Европа, доколку сака, отворање на коридор за илегални мигранти.

„ Ако ви требаат, земете ги“, изјави Орбан во интервју за унгарското радио.

Тој оцени и дека мигрантите „увезуваат“ различни видови на коронавирусот во Европа. Како што појасни, миграциите прават пандемијата да се шири побрзо преку мигрантите, пренесува МТИ.

Орбан додаде дека Унгарија е подготвена да отвори коридор за мигрантите кои одат во Австрија, Германија и Шведска и одби да му дозволи на Брисел да го наметнува своето мислење на Унгарија.

„ Останува на Унгарците да одлучат кому да му биде дозволен влез во земјата и со кого сакаат да живеат“, заклучи тој.

Share
Scroll to Top