Фатен крадец на дело во Штип, украденото вратено

пред 5 години

Полициски службеници од СВР Штип вчера го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип.

Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип. По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top