Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер го посетила Скопје

пред 3 години

Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, пренесува бугарската телевизија БНТ.

Чернева како што пишува медиумот, била во Скопје по наредба на Петков. Според написите, целта била подготовка за претстојната средба на Кирил Петков во Скопје овој месец.

Кирил Петков, јавува БНТ, најавил дека по објавувањето на официјалниот состав на владиниот кабинет во Скопје, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски кој го наследува Зоран Заев.

Во меѓувреме, организации на Бугарите од Република Северна Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Скопје, информира бугарскиот медиум.

За време на посетата на претседателот претходно оваа година, организациите според новинарските извештаи го поддржале одбивањето на Бугарија да каже „да“ за почеток на преговорите за РСМ со Европската Унија и инсистирале на помош од претседателот и земјата за почитување на нивните права во Република Северна Македонија.

На 10-ти јануари, претседателот Румен Радев го свика Советодавниот совет за национална безбедност за ова прашање, за да разговара за рамката за односите со Скопје, анализира медиумот.

Share
Scroll to Top