Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 7 јануари 2022 година (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.