(Видео) Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата

пред 2 години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Премиерот Ковачевски пред поканетите претставници на дипломатскиот кор, на стопанските комори во земјата, пред претставниците на граѓанските и на медиумските организации, ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите кои беа соопштени на почетокот на мандатот и кои беа фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани.

„Во моето кратко воведно излагање, ќе ставам фокус на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски развој на земјата.Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата. Третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок”, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Ковачевски додаде дека со 26-те антикризни мерки, го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси. Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

„Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин. Уште во првите 50 дена, оваа влада направи два историски чекори. Низ економско-социјален дијалог ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и овозможивме рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет”, изјави Ковачевски.

Тој додде дека според Стратегијата за енергетската транзиција, ние веќе имаме јасна слика каде ќе се движи нашето производство на електрична енергија. Неодамна, ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј, 10 мегавати како државна инвестиција, помогната од ЕБОР.

Новата фотонапонска електрана „Осломеј“ ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина.

Големи се очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во 2 фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи кои се квалификуваа во првата фаза.

„Во однос на земјоделското производство, веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансни износи на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени субвенциите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво” изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Ковачевски наведе дека соработката со стопанството за нас е од голема важност Владата е партнер со деловната заедница и затоа во заедничка консултација се направи измена на царинскиот тарифник и се донесе одлука целосно да се укинат, или да се намалат на нивото на царинските стапки во ЕУ, стапките за 258 царински тарифни ознаки.

Дополнително, од пакетот антикризни мерки операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

Ковачевски истакна дека оваа Влада останува да биде ефикасна, одговорна, чесна и високо продуктивна во работењето, посветена на поставените високи цели кои со многу работа и труд ќе ги реализираат.

Share
Scroll to Top