Приведени двајца тетовци, во угостителски објект пронајдени 37 пакувања марихуана и реквизити за организирање комар

пред 2 години

Ноќеска во 00.15 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода И.Б.(39) од Тетово.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

При контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож, соопшти полицијата.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци.

Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје, информираа од МВР.

Share
Scroll to Top