Министерството за здравство ја информира јавноста дека од страна на лабораторијата „Синлаб“ до Институтот за јавно здравје е доставен податок за детектиран еден случај на флурон, (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.
Според информациите, пациентот со коинфекција на Ковид19 и Инфлуенца А, непосредно пред Нова година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во државава.
Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.