Претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, Енес Ибрахим и генералниот секретар на партијата Илхан Рахман денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ и им честитаа за новата функција, посакувајќи им упсех.
Меѓу другото Партијата за движење на Турците – ТХП очекува новата Влада да го продолжи и зацврсти концептот на едно општество и да ја интензивира имплементацијата на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам.
Очекуваме дека новата влада ќе најде соодветен изборен модел кој ќе овозможи правично и фер претставување на помалку бројните заедници во Собранието на Република Северна Македонија.
ТХП од новиот мандатар очекува да ја запази политичката и институционалната претставеност на Турците и да работи за подобрување на образованието и културните дејности на турски јазик.