Северна Кореја истрела проектил

пред 3 години

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од нејзиниот источен брег, само неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин да присуствува на церемонијата на отворање на железницата на која изрази надеж дека ќе го поврзе поделениот Корејски полуостров, пренесува Ројтерс.

Се претпоставува дека проектилот бил истрелан од внатрешноста на територијата на Северна Кореја, преку источниот брег, во морето, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Ракета беше истрелана од провинцијата Јанганг на северната граница на земјата со Кина, од истата провинција каде Северна Кореја ја тестираше својата прва хиперсонична ракета во септември, се вели во соопштението на војската на Јужна Кореја.

Share
Scroll to Top