Рио го откажа карневалот поради омикрон сојот, пренесоа светските медиуми. Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес, рече дека нема да има уличен карневал како оној во 2020 година.
Тој објасни дека морале да го откажат карневалот, поради растот на бројот на заразени со омикрон вирусот и тешкотиите во контролирањето на карневалските настани.
Одлуката ја донел по средбата со претставниците на музичките групи кои учествуваат на уличниот карневал. Паес им предложил да има настани во 3 различни делови од градот, но, претставниците од музичките групи одбиле.
Поворката на школите за самба на Самбодромот сè уште не е откажана и ќе се одржи кон крајот на февруари. Уличниот карневал е откажан поради пандемијата втора година по ред.
Според градската туристичка канцеларија Риотура, 7 милиони луѓе учествувале на уличниот карневал во 2020 година. Бразил, со околу 620.000, е втор во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус по САД





