Министерството за надворешни работи информира дека согласно остварените комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.
МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со македонската амбасада во главниот град Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани.
„Апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратат на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно“, се наведува во соопштението на МВР oд каде дополнуваат дека во одредени периоди имам прекини на интернетот во Казахстан.
Поважни информации за контакт:
Амбасада на Република Северна Македонија во Нур Султан
Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322
E-пошта: [email protected]
Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan
Министерство за надворешни работи
Дежурен телефон активен 24 часа: +389 75 273 732
E-пошта: [email protected]