Во воздушен напад што се случи врз бегалски камп во етиопскиот регион Тиграј загинаа 56 лица, а најмалку 30 се повредени.
Хуманитарните работници рекоа дека бројот на загинати е потврден од локалните власти, а меѓу жртвите има и деца, пишува „Гардијан“.
Армијата погоди камп во североисточниот град Дедебит за време на воздушниот напад, во близина на границата со Еритреја. Властите претходно негираа дека целеле цивили во судирите со воените сили во Тиграј.