Фудбалскиот клуб Сараево на прес конференција, го претстави новиот тренер, Александар Васоски. Поранешниот репрезентативец во кариерата бил тренер во Вардар и Академија Пандев.
Сараево, есенскиот дел од првенството, го заврши на четвртото место, со седум порази и 20 бода помалку од лидерот Зрињски. Од втората позиција Сараево е оддалечено осум бода.
„Прва цел оваа сезона е клубот да избори место во европските купови и да го освои домашниот Куп. Долгорочно целта е да ги афирмираме младите играчи во првиот тим и зошто да не и во репрезентацијата на БиХ. Овој проект заедно ќе го тркаме“, рекол Васоски и дополнил.
„Сакам да играме атрактивно и офанзивно, но таквата игра да ни носи успех и да биде смислена. Свесен сум за притисокот што ме очекува, веќе работев во таков клуб. Сакам да работам во клубови кои од мене можат да го извлечат максимумот“.