Џез музичарот Владимир Четкар тргнува на мини турнеја низ САД

Џез музичарот Владимир Четкар тргнува на мини турнеја низ САД

пред 3 години

Џез мучичарот, гитарист Владимир Четкар од Охрид ќе ја започне годината со мини турнеја низ САД.

Според предвидената програма, неговата турнеја ќе започне со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Потоа со својот бенд ќе настапи во „Skadarliya“ во Чикаго, а на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, додека на 12 февруари има закажан концерт во њујоршкиот „Chelsea Table + Stage“ клуб.

Тој објави на својот Фејсбук профил дека на 18 евруари ќе настапи во прочуениот музеј на модерна уметност Нортон кој важи за еден од најзначајните културни центри во Флорида. Со што ќе ја заокружи својата мини турнеја.

Четкар дипломираше на престижниот музички Универзитет „Беркли“ во САД, каде студираше модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Неговиот бенд го сочинуваат Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ.

Share
Scroll to Top