Голем број училишта во Русија денеска добија закани за бомби, а стотина беа евакуирани само во сибирскиот град Краснојарск, јави московското радио „Ехо“.
По заканите кои пристигнаа по електронска пошта, наставата беше прекината и во други градови, како Самара и Ставропол.
Стотици училишта се евакуирани низ целата земја, јави радиото. Според пријавата, во претресите не било пронајдено ништо сомнително.
Властите распоредија повеќе полицајци во последниве години поради слични ситуации. Покрај училиштата, мета беа и судовите и трговските центри.
Надлежните не го знаат мотивот за последниот случај.