Меѓу починатите од ковид и доенче со вродена аномалија

пред 3 години

Здравствените власти во денешната ковид-статистика сооопштија за вкупно 13 смртни случаи како последица на Ковид-19, од кои шест регистрирани во периодот од 24 декември до 11 јануари.

Меѓу нив е и доенче на шестмесечна возраст, кое во регистарот „Мој термин“ е заведено дека починало на 3 јануари.

„Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија.

Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиниката за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на клиниката, на 3 јануари доаѓа до дополнително влошување на општата состојба.

Лекарите на клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално“, информираат од Министерството за здравство.

Share
Scroll to Top