(Видео) Шутаров: Изминаа два и пол месеци а Арсовска ништо не сработи за скопјани

пред 3 години

Градоначалничката на ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска, ги заборави скопјани, заборави на проблемите и заборави на своите ветувања пред граѓаните, истакна Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.

Се наближуваат 82 дена од мандатот на Арсовска, период во кој таа најави дека ќе реализира 15 проекти, потсети Шутаров.

„За време на овој период Арсовска не само што не реализира ниту еден конкретен проект, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје. Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП. Арсовска одби Градот да даде пари за да се субвенционира парното под образложение дека Град Скопје немал средства, а обезбеди 670.000 евра за да се вработат 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација“, нагласи тој.

Наместо докажани и компетентни кадри, Арсовска во 10 дена смени два директори на ЈП Градски Паркинг, вели советникот во Советот на Град Скопје.

„Ова е учинокот на Арсовска во првите два и пол месеци од нејзиниот мандат. Нема ништо за граѓаните, ништо за развој на градот, само деструктивни потези на штета на граѓаните. Граѓаните од Арсовска очекуваат решенија, очекуваат да престане да бара оправдувања и да почне да го работи она што и е задача и за што добила доверба од граѓаните“, потенцира во изјава за медиумите Шутаров.

Share
Scroll to Top