(Видео)Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема ниту еден свој

пред 3 години

Во првите два и пол месеци од мандатот, Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на Град Скопје.

Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проект на претходната градска администрација, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додаде дека речиси за сите улици и булевари кои ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата „Радишанска“ избран е и изведувач на градежните работи.

Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто вака да постапи и со проектот Бас рапид Транзит кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени, истакна Јанчева.

Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти, додава Јанчева.

Се што видоа граѓаните на Скопје од Арсовска во овој период е неработење, прекинување проекти, партизација на администрацијата и бегање од одговорност.

Арсовска треба да решава проблеми и да реализира проекти, а не да бара оправдувања за неработењето и да се иззема од одговорност, изјави Јанчева.

Share
Scroll to Top