Ѓоковиќ лани основал компанија која бара лек против коронавирус

пред 3 години

Тенисерот Новак Ѓоковиќ се’ уште е во центарот на вниманието на светските медиуми поради депортацијата од Австралија, која и по два судски спорa не сакаше да го пушти невакциниран во земјата.

Сега е откриено дека Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во јуни 2020 година ја основале компанијата „QuantBioRes A/S“, која, меѓу другото, се занимава со потрага за лек против коронавирус.

Компанијата „QuantBioRes A/S“ е регистрирана на 3 јуни 2020 година во Данска, далеку од очите на локалната јавност, објавија регионалните медиуми.

Официјалната веб-страница на данскиот централен деловен регистар содржи информации за основачите и сопствениците на компанијата, а се наведува дека Новак и Јелена Ѓоковиќ поседуваат вкупно 80 проценти од компанијата. Сопственоста на Новак е 40,8, а на Јелена 39,2 отсто. За директор на компанијата се споменува Иван Лончаревиќ, а меѓу тројцата членови на одборот на директори е и Новак Ѓоковиќ.

Исто така, на сајтот е објаснето дека станува збор за компанија која се занимава со производство на фармацевтски препарати.

Share
Scroll to Top