Денеска пристигнаа првите авиони кои доставија хуманитарна помош и опрема за комуникација на островите Тонга, кои беа отсечени по разорната ерупција на вулкани и цунами.
Австралиски и новозеландски воени авиони слетаа на аеродромот на архипелагот на островот Тонгатапу.
Контејнери за вода, средства за хигиена, привремени засолништа, генератори, како и комуникациска опрема беа доставени на островите, пренесува Бета-Франс прес.
Цунами го погоди брегот на Тонга пред пет дена по силна ерупција на подводен вулкан.
Загрозени се околу 84.000 луѓе, што е повеќе од 80 отсто од населението на Тонга.