Извршниот директор на Realme, Махав Шет неодамна откри дека Realme 9 Pro+ е на пат, а сега тоа е потврдено и од официјалниот профил на компанијата на Твитер – ова ќе биде првиот телефон што ќе ја носи ознаката „Pro+“ меѓу сериите на Realme кои досега имаа само броеви без + ознаки.
Се разбира, самиот Realme 9 Pro допрва треба да биде официјално претставен. Засега, сите официјални информации што ги имаме за овие два модела се дека најверојатно ќе бидат лансирани прво во Индија, набрзо по пристигнувањето на 9i (продажбата започнува на 22 јануари). Дојавувачите @OnLeaks и Smartprik претходно ги открија спецификациите и фотографиите за Realme 9 Pro, а сега го направија истото и за Pro+ моделот.
Двата модела ќе бидат опремени со различни главни камери – обичниот Pro ќе има модул од 64 MP, а Pro+ ќе има широка камера од 50 MP (прилагоден Sony сензор) со оптичка стабилизација на сликата. Претходното протекување сугерира дека камерата од 50 MP ќе користи сензор за слика од 1/1,56 инчи со 1,0 µm пиксели (2,0 µm со поврзување) и леќа f/1,8. Двата телефони имаат и ултраширока камера од 8MP и помошна помошна камера од 2MP, како и селфи камера од 16 мегапиксели, поставена во отвор во горниот дел на екранот.
Pro+ ќе работи со Dimensity 920, додека обичниот Pro ќе го добие Snapdragon 695 (двата 6 nm чипови од погоните на TSMC). Моделот Plus ќе има помал 6,43-инчен Super AMOLED екран со помала стапка на освежување (90 Hz), во споредба со панелот од 6,59 инчи со 120 Hz на обичниот Pro. Ова ќе биде помал уред од двата, што значи помала батерија (4.500 mAh наспроти 5.000 mAh), иако ќе се полни побрзо со 65W (9i и 9 Pro до 33W).
Непотврдени информации од пред неколку месеци открија дека Realme 9 серијата ќе има четири модели, а засега недостасуваат информации за стандардниот Realme 9 модел. Сите четири би требало да бидат лансирани во првиот квартал од оваа година.