За влез во Косово од денска граѓаните треба да приложат потврда за примени три вакцини, или две вакцини и ПЦР тест не постар од 48 часа, јавија косовските медиуми.
Косовската влада ги одобри новите мерки против ковид, со кои, меѓу другото, се предвидува воведување ограничувања на движењето од 22 до 5 часот наутро, наместо на полноќ како што беше досега.
Угостителските објекти можат да ги извршуваат своите активности од 17 до 21 часот, а музиката е дозволена до 20.30 часот.