Иан Александар , единствениот син на холивудската актерка, добитничка на Оскар, Реџина Кинг, си го одзел животот три дена по неговиот 26. роденден. Актерката не сака да излезе од дома по неговата смрт, а трагичната вест ја потврдила за медиумите.
„Нашето семејство е уништено на најдлабоко ниво со загубата на Иан. Тој е толку силна светлина кој толку длабоко се грижише за среќата на другите. Нашето семејство моли за почит во текот на ова приватно време. Благодарам“, изјавила актерката, пишуваат странските медиуми.
Реџина отсекогаш себеси нарекувала горда мајка бидејќи, како што вели, Иан Александар ја направил најсреќната жена на светот, а на својот инстаграм профил јавно ја поддржувала неговата музичка кариера.
„ Луѓето обично ќе ме прашаат: „Како е тоа што Реџина Кинг ти е мајка?“. Таа е само супер мајка, навистина. Таа не дозволува лошите работни денови или што било друго да го вратат и уништат времето што го имаме, така што навистина е прекрасно што имам мајка со која можам да уживам во дружењето“, раскажал своевремено Иан за странските медиуми.
Актерката го добила Иан со својот поранешен сопруг, продуцентот Иан Александар. постариот. Иан бил уметник и диџеј кој пред само четири дена споделил објава на Инстаграм за претстојниот настан во Бардот овој месец.